Харадинај: Прво ќе формираме Влада, а потоа и војска
Кандидатот за косовски премиер Рамуш Харадинај најави дека косовска војска ќе биде формирана во рок од 90 дена од почетокот на работата на идната влада.
За Радио телевизија Косово, тој изјави дека ќе се обиде да ги убеди Србите оти „косовска војска е и во нивен интерес“, но доколку во тоа не успее, ќе пронајде други начини за постигнување на оваа цел, пренесува РТС.
- Ако размисуваат без мешање на Белград, ќе гласаат за војска, која е во нивни најдобар интерес, бидејќи овде живеат. Кога постои безбедност за сите, постои извесност и за нив, остакна Харадинај.
Тој изрази убеденост дека Србите во Косово ќе бидат мудри и ќе сфатат што е во нивни интерс.
- Ако Србите не разберат, јас ќе им објаснам на вистинскиот начин, а најдобро е да го изберат патот со формирање војска. Ние разговаравме со сојузниците и тие се заинтересирани за уставен амандман за кој се потребни две третини од гласовите во Парламентот. Верувам дека тоа ќе биде постигнато со поддршка на Албанците и сите етнички заедници, под услов тука да бидат и Србите. Сигурен сум дека Србите ќе бидат многу мудри и ќе сфатат дека тоа е во интерес на нивната безбедност, потенцираше Харадинај.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд