Харадинај: Депортацијата ја организираа косовската и турската разузнавачка служба
- Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека шестте турски државјани се депортирани без негово знаење, истакнувајќи оти тоа било „билатерална операција на разузнавачките служби на двете држави“.
Харадинај посочи дека смената на министерот за внатрешни работи Фламур Сефај и директорот на косовската разузнавачка служба (АКИ) Дритон Гаши, е основана.
- Депортацијата е кршење на хиерархијата на одлучување. Ова е институционален преседан, што не смее да се случи во иднина, истакна Харадинај.
Во Косово во четвртокот беа приведени и екстрадирани шест турски граѓани под обвинение дека се поврзани со училишта финансирани од движењето на Фетулах Ѓулен, кој за Анкара е организатор на неуспешниот државен удар во јули 2016 година.
Дел од балканските држави се под притисок на Турција да ги затворат приватни училишта поврзани со муслиманскиот проповедник Ѓулен, кој живее во САД. Тој отфрла каква било врска со пучот во 2016 година во Турција
Ново на Сител
-

Минимално поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека ЕВН да ја соопшти официјалната цена
-

Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
-

48 американски волонтери од Mировниот корпус ќе бидат ангажирани во македонските училишта
-

Преглед на вестите од светот
-

Регулаторната комисија ги намали цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија за 2 до 3%
-

Филипче: СДСМ спреми нови бомби, ја повикуваме Ковеши да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите
-

Охрид доби културно-туристички водич
-

Преглед на вестите од светот
