Хан за МИА: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении
Непосредно пред неговата посетна на Македонија во понеделник, еврокомесарот за проширување во интервју за МИА вели дека доколку се пропушти можноста за прифаќање на Договорот со Грција на референдумот на 30 септември, вратата за ЕУ ќе се затвори „за децении“.
- Ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата, рече Хан за МИА.
Еврокомесарот, кој доаѓа за „Деновите на медиумите“, ќе ја искористи својата посета да се сретне и со граѓани во Штип, каде ќе ја пренесе оваа порака. Неговата цел, вели тој, е да им ги предочи на граѓаните импликациите од Договорот со Грција и од прогресот на патот кон ЕУ.
- Идејата е да се создаде нешто повеќе, ако има европска перспектива, членство, тоа ќе привлече меѓународни компании, компании кои ќе создаваат работни места, ако има повеќе индустрии во земјата тоа влијае врз мали и средни претпријатија бидејќи тие имаат фунцкија на добавувачи, сѐ заедно е стимулирачки за економијата. Ако економијата е меѓународно ориентирана тоа влијае врз квалитетот на владеењето на правото, независноста на судството и за крај мислам дека е нешто што го бараат луѓето, вели Хан.
Тој е уверен дека, доколку Македонија ги исполни поставените услови за почеток на преговори, Македонија може да смета на почеток на истите на средината на 2019. Околу условеноста на датум за преговори, еврокомесарот за проширување цени дека и без таа условеност, Македонија ќе требаше да чека најмалку една година за фактичко започнување на преговорите, бидејќи тие бараат подготвителна работа.
- Може да разговараме за формулациите, но содржински нашите процедури не би биле различни дури и да беше различно формулирано. Затоа што во секој случај ние мораме да го подготвиме отворањето на преговорите, на начин што кога ќе го добиеме зелено светло, кон средината на идната година, тоа ќе биде возможно само ако домашните задачи се направени дотогаш од страна на владата во Скопје. И тоа не е само спорот со името, туку и натамошното имплементирање на Итните Реформски Приоритети, извештајот на Прибе итн, вели Хан за МИА.
Запрашан за „млаките“ пораки на претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер за проширувањето во своето годишно обраќање, комесарот задолжен за проширувањето на Унијата не е „воопшто“ разочаран, напротив. Според него, Јункер главните пораки ги упатил лани, со што се поттикна новата стратегија за проширувањето. За Хан, процесите се започнати и „нема потреба да се зборува, туку да се делува“.
- Јасно беше дека се концентрираше на други области каде прогрес е потребен бидејќи тоа е намерата на таков говор, да се рефлектира врз направеното и да се укаже на тоа што треба да биде направено. И во случајот на земјите од Западниот Балкан сѐ е јасно, сѐ е кажано повеќе пати од повеќе луѓе и сега е на сите нас кои работиме на ова дневно да го искористиме овој момент понатаму, рече Хан.
Комесарот во интервјуто за дописничката на МИА од Брисел говори и за дијалогот помеѓу Србија и Косово. Според него, не е исклучено „размената на територии“ или „корекцијата на границите“ да бидат „дел од крајната сложувалка“, но дека во секој случај секое решение мора да претставува придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот, како и дека двете страни се свесни за меѓународните обврски и загриженоста на меѓународната заедница. За крај, тој верува дека е можно решение за овој спор до средината на идната година.
МИА наскоро ќе го објави целосното интервју со еврокомесарот Јоханес Хан.
Ново на Сител
-
Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини во подршката за палестинскиот и либанскиот народ
-
Тројцата астронаути од кинеската мисија „Шенжоу-18“ се вратија на Земјата
-
Во Турција градоначалникот и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени
-
Во Кисела Вода со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид
-
И во наредните денови сончево време со студени утра
-
Неексплодирани бомби кашикари пронајдени на планинарска патека во Маврово
-
Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад