Хамонд: Само Путин може да ја запре војната во Сирија
Единствениот човек кој може да ја запре војната во Сирија е рускиот претседател Владимир Путин, изјави шефот на британската дипломатија Филип Хамонд во интервју за Би-Би-Си.
- Има само еден човек на планетава кој може да ја запре граѓанската војна со само еден телефонски повик. Тоа е Путин, ја пренесува ТАСС изјавата на Хамонд.
Тој во интервјуто нагласи дека положбата на сирискиот претседател Башар ел Асад е иста како и пред една година,
- Дали тој ќе замине (од власта) или ќе остане зависи од тоа дали Русите се подготвени да го искористат своето влијание врз него, изјави Хамонд.
Шефот на британската дипломатија во интервјуто ја повика Русија да го почитува хуманитарното право и да ги запре воздушните напади врз силите на „умераната опозиција“ во Сирија.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас