Хамнеи: Протестите во Иран се американска завера

Иранскиот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека неодамнешните протести во Иран поради зголемување на цената на горивото се „опасна завера” на САД.
– Непријателите испратија своја војска на терен, под изговор за зголемената цена на горивото. Народот и доброволците на паравојската Басиј славно го спречија тајниот план, наведе Хамнеи.
– Басиј е прорежимска доброволна милиција во состав на Иранската револуционерна гарда.
Иранските власти тврдат дека државните непријатели на Техеран – САД, Израел и Саудиска Арабија се одговорни за насилството, а протестите ги оценија како нелегални и оти се саботажа.
Според „Амнести интернешнл” иранските безбедносни сили убија најмалку 143 лица за време на протестите. Додека според иранските официјални извештаи на 15 ноември загинале девет лица од кои четворица демонстранти, тројца припадници на Иранската револуционерна гарда и двајца полицајци.
Според иранските власти поради протестите затворени се над илјади луѓе, меѓу кои и 180 наводни организатори на протестите на кои им се заканува смртна казна.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
