-->
-->
Хамас ќе го префрли оружјето на Западен Брег
-->
Палестинското движење Хамас повторно одби да се разоружа пред клучниот рок во преговорите за помирување и наместо тоа се закани со нови напади врз Израел.
Од петок Хамас почнува со предавање на контрола на Палестинската управа во Појасот Газа, но судбината на военото крило Ежедин ал-Касам бригадата се уште не е позната.
- Оружје за отпор е црвена линија и за тоа нема разговори. Нашето оружје ќе биде префрлено на Западен Брег, за да се користи во борбата против окупацијата. Наше право е да се бориме против окупацијата додека таа не престане, изјави Калил ал-Хаја, заменик шеф на Хамас.
Повеќе од 400.000 Израелци живееа во окупираните илегални населби на Западен Брег. Во Газа, каде на власт е Хамас од 2007 година нема илегални доселеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом
-
Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп
-
Излетало возило од патот Охрид – село Подмољје
-
На депонијата Мегленци пронајдени три артилериски гранати од Првата светска војна
-
Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
-
Украина: Русија загуби над 900.000 војници од почетокот на инвазијата