Македонија
30. July 2024 - 16:36

Хакери од Македонија направиле хаос со изборните резултати во Венецуела

Македонски хакери замешале прсти во изборите кои се одржаа во Венецуела обвинуваат тамошните власти. Сајбер нападот  бил извршен на  преносот на резултатите во државата тврди главниот јавен обвинител во Венецуела. Во овој процес биле вклучени и двајца нивни државјани бегалци од земјата. Поради саботажата резултатите од изборите во Венецуела доцнеа, па партиите кои ја барале довербата од граѓаните објавувале различни резултати со огромна меѓусебна  разлика .

Победник на изборите е актуелниот претседател Никола Мадуро кој раководи со власта веќе 11 години. Опозицијата во Венецуела пак тврди дека тие се победници, изборните резултати предизвикаа немири во главниот град. Министерот за информатичко општество Андоновски смета дека се работи за сериозни обвинувања без докази.  

Министерот најави нова национална стратегија за сајбер безбедност бидејќи државата во минатото се соочила со сериозни напади врз критичната инфраструктура а институциите не успеале добро да се справат.