Хабек: Се распаѓа единството во ЕУ по однос санкциите кон Русија
Германскиот министер за економија Роберт Хабек синоќа изрази загриженост поради неединството на Европската унија пред самитот на кој ќе се разговара за руското ембарго за нафта и планот за ставање крај на зависноста од руската енергија.
Лидерите на ЕУ ќе се состанат денеска и утре за да разговараат за новиот пакет санкции против Русија, што предвидува ембарго на руската нафта и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас.
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанокот во Брисел не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација. Нов обид за постигнување договор за засилување на притисоците врз Русија е закажан за денеска, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ.
„По почетокот на рускиот напад врз Украина, видовме што може да се случи ако Европа биде обединета. Се надеваме дека единството ќе се покаже на утрешниот самит, иако тоа веќе почна да се распаѓа“, рече Хабек на прес-конференција.
Тој ја повика Германија на самитот да настапи единствено, не да се воздржува од гласање поради разликите во ставовите во рамки на германската владејачка коалиција. Слично единствто Хабек побара и од земјите-членки на ЕУ.
„Европа е се уште огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, може да ја искористи таа моќ“, рече Хабек на отворањето на саем во Хановер.
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено