Фудбал
27. April 2023 - 10:10

Гвардиола: Знаеме дека мора да победуваме на секој натпревар за да останеме во трката за титулата

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф (4:1) над Арсенал во натпреварот од 33. коло на шампионатот на Англија.

- Отсекогаш сме имале добра офанзивна линија, но врската меѓу Халанд и Де Брујне е неверојатна. Денес се обидовме да ги искористиме што е можно повеќе. Сити неколку пати по ред ја освојуваше Премиер лигата, па на почетокот на сезоната кажавме дека имаме време да го стигнеме Арсенал. Моите играчи знаат дека треба да победуваме за да останеме во борбата. Овој менталитет каде што немаш друг избор освен да победиш е најдобриот менталитет. Играчите покажаа дека на секој натпревар излегуваат на терен да ги освојат бодовите, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор во Премиер лигата со 73 бода од 31 натпревар. Арсенал е водечки со 75 бода од 33 натпревари.