Фудбал
23. September 2024 - 8:05

Шкупи со убедлив триумф против шампионот Струга ТЛ

Сите шест натпревари од Првата македонска фудбалска лига се одиграа попладнево. Во дербито на колото Шкупи на гостински терен го совлада шампионот Струга Трим Лум.

Гостински победи забележаа и Вардар, Пелистер и Гостивар. Единствено Шкендија се радуваше на свој терен, додека Работнички и Брера ремизираа.

Постигнати резултати:
Беса – Пелистер 2:3
Работнички – Брера Струмица 1:1
Шкендија – Воска Спорт 5:1
Силекс – Гостивар 1:2
Струга – Шкупи 0:3
Тиквеш – Вардар 

Лидер во поредокот е Шкендија со 14 бодови, пред Работнички и Гостивар кои собраа по 12. Струга е четврта со 10, Силекс има 9, Шкупи и Пелистер по 8, Брера и Вардар по 7, Беса, Тиквеш и Воска освоија по 4 бода.