Свет
16. August 2017 - 20:08

Гутереш: Помалку реторика, повеќе дипломатија со Северна Кореја

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека е време да се „намали реториката и да се зголеми дипломатијата“ со Северна Кореја, додавајќи дека е подготвен да помогне во преговорите.

Тој истакна дека неговите канцеларии се секогаш отворени, порачувајќи им на Русија, Јапонија, САД, Кина и Северна и Јужна Кореја дека решението за кризата мора да биде политичко, а последиците од воени интервенции се толку ужасни, што е невозможно да се размислува за нив.