-->
-->
ГСОЛ ќе ги исплати сите побарувања на транспортерите на ФЕНИ Индустри
-->
Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ ќе им ги исплати сите средства на транспортерите на ФЕНИ, соопшти денеска компанијата.
- Вкупните побарувања на транспортерите во вредност од 3,1 милиони евра се побарувања од Нова Логистик, фирма за која е се поизвесно дека влегува во стечај. Иако е надвор од законските обврски на Еуроникел, но со оглед на ситуацијата каде е извесен стечај на Нова Логистик, а со тоа дополнително ќе се влоши состојбата на транспортерите, одлучено е да се помогне максимално и да им се исплати вкупното побарување, информираат од Еуроникел.
Плаќањето ќе се изврши веднаш по утврдувањето на документацијата за побарувањата и потпишување на нотарски договори кои ќе бидат склучени со транспортерите. Воедно, се повикуваат транспортерите да ги отстранат блокадите и да се овозможи непречен дотур на материјалите за производство, за да може фабриката нормално да функционира.
Еуроникел, се додава, има интерес да соработува со сите страни, но нормалното функционирање на фабриката од која зависи егзистенцијата на 800 семејства е приоритет.
Во меѓувреме, транспортерите на ФЕНИ и за денеска најавија нова тричасовна блокада на патот Кавадарци - Дреново
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива