Групна изложба на Ксенија Котев, АмстерДама и Едвард Станковски во галерија „Акантус“
Во галеријата „Акантус“ во Скопје вечер ќе биде отворена групната изложба на Ксенија Котев, АмстерДама и Едвард Станковски.
Партнерската двојка која живее и работи во Амстердам, АмстерДама има желба и волја да ја пренесе културата на „second hand shopping“. На изложбата ќе биде претставена селекција на автентинтични парчиња женска и машка гардероба, микс на ретро, винтиџ, тренди и авангардно.
Љубителите на уметноста до недела можат да уживаат во сребрената авангарда и накит на Ксенија Котев. На групната изложба ќе бидат претставени парчиња накит од двете претходни колекции на Котев, „Hidden stories“ и „Cradle of desires“ и ќе може да се погледне новата колекција која допрва претстои „Embryo“.
Финалниот декор го има уметникот Едвард Станковски, кој повеќе од 25 години живее и работи во Амстердам, а пред скопската публика ќе се претстави со изложбата „La Femme Obscure“. Во центарот на оваа изложба е жената, нејзината убавина, сензуалност, таинственост и сила.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?