Групи Роми запалиле автобус и продавница во Атина
Група Роми предизвикаа нови инциденти со палење на продавница и автобус во текот на ноќта во ромски населби во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина поради случајот со 16-годишниот Ром во Солун, кој во понеделникот беше застрелан од полицаец, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според државната агенција АНА-МПА, доцна синоќа група Роми провалиле во продавница за гуми, а потоа ја запалиле, по што интервенирала противпожарната служба.
Поради отровните состојки во воздухот, до жителите на населбата, преку порака од бројот 112 за итни случаи беше побарано да останат во затворен простор.
Во исто време, во друга ромска населба, бил запален градски автобус во кој немало патници.
Припадниците на ромската заедница во Грција реагираат откако во понеделникот 16-годишен Ром беше застрелан од полицаец во Солун и е хоспитализирано во критична состојба.
Момчето застанало на бензинска станица, наполнил бензин и побегнал без да плати и била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од 16-годишниот, кој откако не одговорил на барањата да застане, според медиумите, бил застрелано во пределот на главата од еден од полицајците.
Инциденти, како во Атина, така и во Солун, имаше и во вторникот.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис