Група ученици и наставници од Турција во посета на општина Ѓорче Петров
Група од 28 ученици и наставници од училиштето „Омар Март“ од Чанакале, Турција, предводена од директорот на училиштето Ферхан Сербес ја посети општината Ѓорче Петров.
Добредојде на групата и посака градоначалникот Сокол Митровски, кој во своето обраќање ги истакна досегашните искуства за соработката со училишта од збратимениот град Кушадаси во Турција со кои години наназад соработуваат ООУ „Мирче Ацев“ и ООУ „Ѓорче Петров“.
Како што се наведува во соопштението на општината, на средбата со градоначалникот гостите од Турција ја истакнале заинтересираноста и на општината Чанакале за продлабочување на меѓусебната соработка на спортски, културен и образовен план.
Новото пријателство и збратимување е на иницијатива на учениците и наставниците од училиштето „Омар Март“, додека посетата е на покана од директорот на „Страшо Пинџур“ Методи Наковски.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени