Група од 39 граѓани на Авганистан кои престојуваа во земјава заминаа за Канада
Нова група од 39 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава, претпладнево од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во рамки на здружената глобална акција за помош на авганистански цивили.
Станува збор за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка.
– Во рамките на спасувачката мисија, во Северна Македонија во моментов престојуваат 503 авганистански граѓани кои се згрижени од институциите со целата потребна поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 217 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, измерени -2 степени
-
Украина ноќеска со дронови нападнала нафтени и енергетски постројки во западна Русија
-
Американски суд привремено го блокира барањето на Трамп за суспендирање на програмите за финансиска помош
-
Зеленски: Путин се плаши од мировни преговори
-
На Аљаска се урна американски авион Ф-35, пилотот се катапултирал и спасил
-
Франција со гол во последната секунда обезбеди полуфинале на СП 2025
-
Симулација на сајбер хибриден напад во касарната „Гоце Делчев“
-
Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје