Груевски:Да го исполнуваме Рамковниот договор, но да не ја заборавиме човечката димензија
Луѓе сме пред се. Да не го забораваме тоа. Ова не значи дека не треба да го исполнуваме Рамковниот договор. Треба. Но, да не ја заборавиме човечката димензија. Да не дозволуваме несреќите да не потсетуваат дека Бог така одлучил, и не довел на едно место заедно да живееме, и треба заеднички да работиме живот, е порака која ја упати денеска по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, премиерот Никола Груевски, осврнувајќи се на меѓуетничките односи.
Нагласи дека Македонија е држава каде живеат граѓани од различни етнички заедици и религии. Бројните расправии на меѓуетнички план, пресметувањето на бројките и процентите од рамковниот договор, различните негови толкувања, подвлече, имаа различни ефекти.
- Од една страна Рамковниот договор разреши многу работи и трасира пат на разбирање меѓу различните етнички заедници по конфликтот во 2001-та. Од друга страна, преголемата оптеретеност со тој договор, гледано човечки и емотивно малку не оддалечи како луѓе, како соседи, соработници, сограѓани, блиски. Не натера наместо како луѓе, се повеќе да се гледаме како бројки, рече премиерот Груевски.
Неодамнешните поплави во северозападна Македонија кои предизвикаа повеќе невини жртви и огромна матерјална штета, потсети тој, не натераа малку повеќе, истакна, да се почуствуваме пред се како луѓе од крв и месо, а не како некоја „друга страна“ или друг етникум,... повеќе свои, а дури потоа како припадници на некоја етничка заедница или вера.
- Поплавите ни одземаа повеќе животи и многу пари за санирање на штетите, но барем донекаде не доближија како луѓе и не потсетија на некои заеднички вредности. Се виде на дело, дека луѓе на луѓе, соседи на соседи, помагаат кога е најтешко и во такви моменти не е важно кој што е. Така треба секогаш да биде, беше дециден премиерот.
Груевски потсети дека ги посети и одблиску ги виде проблемите со кои се соочија луѓето во Шипковица и во Речица, и тоа, кога им беше најтешко. Го видов, рече меѓудругото, и поривот на сите останати да им помогнат на оние кои до вчера ги гледаа како опасност или како некој со кој треба да имаат дистанца. - Ја видов и благодарноста во очите на оние на кои им се помагаше, рече претседателот на Владата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите