Груевски: За годинава предвидена изградба на пет експресни патишта
За годинава е предвидено изградба на пет експресни патишта: Штип-Радовиш, Штип-Кочани, Ранковце-Крива Паланка, Прилеп-Градско и Охрид-Пештани.
Како што изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, изградбата на овие експресни патишта е во различна фаза.
- Три од нив се во фаза на тендерска постапка, објавен е тендерот, се бара изведувач. Сите заинтересирани изведувачи ќе поднесат свои понуди, за некој месец тој процес ќе заврши и ќе се избере изведувач и ќе почне градбата. Во таква фаза се патот Штип-Кочани, Штип-Радовиш и Крива Паланка-Ранковце, рече Груевски.
Потенцира дека за нивна изградба се обезбедени финансиски средства.
Тендерот за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско е веќе завршен и, како што рече Груевски, прашање на време е кога ќе почне да се гради.
- Останува патот Охрид-Пештани, за којшто се уште се во подготовка одредени работи каде што имаме забавување поради проблеми поврзани со разни барања и услови поврзани со животната средина. Кога тие прашања ќе се завршат тогаш ќе почне и тендерската постапка и изградбата на тој пат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. И за експресниот пат Охрид-Пештани исто така се обезбедени финансиски средства.
Груевски денеска заедно со министерот за транспрот и врски и градоначалниците на Скопје и на општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митревски беше во посета на општина Ѓорче Петров и на средби со граѓани.
Ново на Сител
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег
-
Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: По направена грешка, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно
-
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу мигрантите да има борци од Хамас
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел