Груевски: Секое собирање потписи во мое име е лажно
- Кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на собирање потписи да не користат никакви форми на притисок, заплашување, закани, уцени, измами и изнудување, повика денеска лидерот на партијата Никола Груевски преку својата Фејсбук страна.
- Посебно сакам да нагласам дека доколку било кој го злоупотребува моето име како долгогодишен претседател на партијата, во контекст на собирањето потписи за поддршка и во контекст на гласањето, треба да се знае дека станува збор за лажно преставување и информирање, и доколку тоа е пресудно при носењето одлука за поддршка, треба да се одбие давањето подршка или глас, истакнува Гревски.
Тој на неговиот профил на Фејсбук вели дека не овластил никого од кандидатите да се повикува на неговата, како што нагласува, наводна екслузивна поддршка, заради собирање потписи за поддршка или гласање.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени