Груевски: Потребно е разумно решение, другата страна прави се да нема договор
оите очекувања за излез од политичката криза се дека треба да се најде некое разумно решение односно разумен компромис. Засега, другата страна не можам да кажам дека оди во таков правец, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
- Мене се уште ми стои впечатокот дека другата страна прави се да не дојдеме до договор. Низ чекорите кои ги прават во деновите што поминуваат тие практично постапуваат колку што е можно понелогични услови со цел да не се договориме и да можат да го продолжат периодот на политичка криза која би имала влијание на економијата, рече премиерот Груевски.
Опозицијата, според него, на тој начин се надева дека ќе дојде до пад на економијата и шанса луѓето да почнат да се разочаруваат од ВМРО-ДПМНЕ и да гласаат за СДСМ.
- Таквата деструктивна политика која на грбот на граѓаните и на народот вработените и невработените кои очекуваат вработување ќе им се врати како бумеранг на нашите политички опоненти и мислам дека следните избори ќе ги изгубат уште со поголема разлика отколку претходно заради ваквата политика со која тргнале да одат, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на целосно реновираното ОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Прашан што очекува од средбата со Викторија Нуланд рече дека сеуште неможе да коментира ништо.
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар