Груевски: Нудиме концепт на нови инвестиции и работни места

Нудиме концепт во кој ќе нема неасфалтирани и неосветлени улици, а ќе има нови инвестиции и работни места, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Љубанци.
- Во општина Бутел кога во 2006-та година дојдовме на власт имаше само 3.600 вработени лица. Денес има над 7.200 вработени. Ние ќе продолжиме да се бориме и верувам дека ќе донесеме над 30 инвеститори во наредните четири години кои ќе отворат нови работни места. Истовремено ќе обезбедиме учениците од 1-5 одделение добијат здрав и бесплатен оброк, најави Груевски.
Посочи дека нивниот кандидат за градоначалник Дарко Костовски ќе овозможи граѓаните во Бутел да стекнат сопствен дом, по симболична почетна цена по само едно евро за метар квадратен на земјиштето и ќе се намалат комуналиите. Вети довршување на фекалната канализација во Љубанци, проширување и целосна реконструкција на патот до Радишани, ново баскет игралиште и фитнес зона, стаза за качување и развој на манастирскиот туризам.
Во котекст на актуелните политички случувања, обвини дека на 15 октомври не биле спроведени фер и демократски туку, како што наведе, африкански избори.
- Скршен череп на градоначалник и кандидат за градоначалник, убиен носител на советничка листа, искршени канцеларии на наши штабови, следени кандидати за градоначалници, бугарски возови со секоја општина, недостаток на гласачки ливчиња, нагласи Груевски, додавајќи оти во тоа учествувале и партиски луѓе во полицијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени и дека настаните на 27 април во Собранието биле намерно испровоцирани.
- Ние бевме тие кои осудија насилство и мислиме дека се погреши што се влезе и што се употреби сила, но кога гледаме што се прави во Македонија, кога гледаме дека во овие пет месеци нема никава правда дека се ослободуваат криминалците насекаде, не можеме, а да не кажеме дека на таква неправда веќе не можеме да говориме за било какви санкции против луѓето кои беа намамени да влезат во Парламентот и потребно е нивна слобода и прекин на сите прогони, рече Груевски.
Повторно го оцени како штетен договорот за добрососедство со Бугарија и обвини дека целта е да се прифатат условите од Грција за промена на името.
Ново на Сител
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
-

За повисоките плати, универзитетските професори ќе мора да испорачаат подобри резултати
-

Преглед на вестите од светот
