Груевски: Новата програма ќе биде најобемната и најпрофесионално подготвена до сега
Апсолутно дека се подготвуваме за избори. Силно работиме на два моменти- на подготовка на Отчетот, тоа е наша редовна пракса, секогаш кога се оди на избори, прво да се излезе со Отчет и на него веќе работиме, истакна премиерот Никола Груевски во Вестите на телевизија Сител.
-Во овие повеќе од година ипол завршивме огромен број од работи, во самиот Отчет ќе напишеме и колку. Фокусирани сме и на подготовка на новата програма. Таа ќе биде најобемната и најпрофесионално подготвена до сега. Внесуваме наши идеи, но и многу од идеите на граѓаните, а инволвиравме и меѓународни експерти со долго искуство ва вакви работи, подвлече Груевски.
Премиерот додаде дека ќе има приоритизација, ќе се сублимираат проектите и ќе се направи најобемната и најпрофесионално подготвената програма која наскоро ќе биде презентирана пред граѓаните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ