Груевски: Јас верувам во мојот народ и на крај ќе победи Македонија!

Во Македонија освен партии има и народ. Чесниот народ, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците не се согласуваат со ваквото сценарио. Јас верувам во мојот народ и на крај ќе победи Македонија!, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМЕН, Никола Груевски
-Кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. Не можат само политичарите, особено кога еден дел од нив се борат за заштита, а друг дел се на спротивната страна. Оваа шанса народот ја имаше на изборите. Во кампањата говорев секој ден за тоа. Погледнете ги моите обраќања во Штип, Велес, Скопје. Дел добро ме разбраа. Некои не веруваа, мислеа дека со тоа само сакаме да добиеме гласови, а СДСМ да ги загуби. Денес се’ помалку има такви, но главниот воз е пропуштен. Сега е последниот воз. Сега е тоа време, напиша Груевски.
Сите оние, подвлекува Груевски, кои планираат да седат дома во влечки и да гледаат телевизија верувајќи дека друг ќе им ја заврши работата за заштита на нивната држава, се во заблуда.
-Сценаристот смета и има проценка дека народот не е способен и кадарен да ја брани земјата и смета дека ако со својата моќ и подготвено сценарио елиминира дел од политичарите, ја завршил работата. Нивната проценка до пред некој ден беше дека дел од политичката елита е високо мотивирана за одбрана, но дека народот е ниско мотивиран и затоа одат агресивно и бескруполозно. Тие најмногу се плашат од народот, но засега се убедени дека го имаат доволно изманипулирано за да биде мирен и збунет, напиша Груевски.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
