Груевски: И на Македонците и на Албанците им се потребни нови работни места, повисоки плати, пензии и субвениции, а не поделби
Синоќа кога СДСМ беше тука во Велес на митинг, освен тоа што исфрлиле грст навреди кажале и дека градот бил многу поубав затоа што вмровците не биле во Велес, туку на митинг во Скопје. Јас не се согласувам со тоа. Сите се синови и ќерки на Македонија. Не смееме да се делиме и да создаваме омраза.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листата во четвртата изборна единица на вечерашниот митинг во Велес.
-Немојте да го закрвувате народот, делиме иста судбина и исти проблеми. Зла крв не ни треба, им порача Груевски на СДСМ.
Две ипол години, додаде тој, Македонија е под заложништво на Заев, но веќе е време е да се ослободи.
-Добија се што бараа за да дојдеме до овие избори- министери, заменици, друг премиер, доминација во Државната изборна комисија, услов им беше и да го имале министерот за внатрешни работи, бараа СЈО, еве им една година имаат специјално јавно обвинителство, бараа еден куп други работи и мислеа дека нема да ги прифатиме за да можат Македонија вечно да ја држат во заложништво. Но, ние прифативме се, бидејќи ние веруваме во нашиот народ.
Сакаа, додаде тој, да не прикажат во најцрно светло.
-Слушавме по медиумите, какви пораки Заев испраќал до Мендух Тачи- дека некој од надвор го спрема и ќе го намести за премиер. Да му порачам на Заев дека за тоа кој ќе биде премиер во оваа држава бира народот. Таа работа се заслужува. 11 ипол години ја држи власта во Струмица, одете таму и прашајте што направил од сето тоа што го говори. Народот знае кои сме и добро не познава. Добро се сеќава дека во време на СДСМ не само што не се отвораа фабрики, туку и се затвораа.
Груевски истакна и дека покрај виткање на кичмата, Заев сака и двојазичност.
-Ние немаме ништо против Албанците, сакаме со нив да живееме во мир и слога, но ова што ни го прави некој преку Заев сака да ни ја растури слогата. Давање на такво ветување за целосна двојазичност, ќе ни направи нови фрустрации и поделби, а на Македонците и Албанците не им е потребно тоа. Потребни им се подобра економија, нови работни места, повисоки плати, пензии, субвениции, економски напредок, подобра животна средина. И на сите нас потребно ни е земјата да стане членка на НАТО и ЕУ, а не да се движи назад со деструкциите на Заев, подвлече Груевски.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје