Македонија
18. January 2016 - 18:12

Груевски: Единствен начин да напредуваме е лидерите да ја стават волјата на народот пред сопствените амбиции и лични интереси

Единствениот начин да напредуваме како држава и нација лидерите да ја стават волјата на народот пред нивните сопствени амбиции и лични интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата со претседателите на политичките партии дел од коалицијата „За подобра Македонија“.
 
-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија денеска се откажа од сите забелешки кои ги имаше во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список предложена од страна на ДИК.           Партијата и коалицијата денеска целосно ја прифати предложената методологија за чие имплементирање, како што бевме информирани и ние и комесарот Хан – има и капацитети и време, истакна Груевски.
 
Тој додаде дека двете институции најодговорни за спроведување на изборниот процес се во рацете на СДСМ. Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи раководено од страна на техничкиот назначениот министер Оливер Спасовски имаат капацитет да гарантираат фер и демократски избори.