Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени
Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени“.
-Од денеска сметам дека треба да почнеме со нашите напори, повикувајќи ја и македонската опозиција да се приклучи кон напорите за европска Северна Македонија. Не дека сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале, рече Груби.
На новинарско прашање коментирајќи ги изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и фалат 10 пратеници, Груби со одговор дека тоа го велат луѓе кои што не се пратеници.
Коментирајќи ги наводите дека пратеник на ДУИ барал пари за да гласа за уставните измени, Груби дементираше посочувајќи дека нема ниту пратеник во ДУИ, ниту Албанец во прогресивното парламентарно мнозинство кој што ги условува уставните измени за европска Северна Македонија.
-Апсолутно не се вистинити. Нема пратеник во ДУИ, ниту Албанец или кој било друг во прогресивното парламентарно мнозинство кој што ги условува уставните измени за европска Северна Македонија. Мислам дека адресата е на некое друго место, а тоа е во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од денеска, ние започнуваме со напорите на обезбедување на парламентарното мнозинство како што тоа го направивме тоа и во претходниот случај со Преспанскиот договор. Убеден сум дека ќе успееме и сега, затоа што имаме контакти со опозицијата и го гледаме расположението. Едно нешто е тоа што велат нивните лидери кои што не се пратеници, друго нешто велат тие што се пратеници, рече Груби.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари