Гројсман: Нема да ги обезбедуваме руските избори во Украина
Украинскиот премиер Володимир Гројсман изјави денеска дека властите во Киев нема да го обезбедуваат спроведувањето на руските избори, закажани за утре.
- Системот за безбедност ќе се врши под вообичаениот режим, рече Гројсман на 13. состанок во Јалта - Европска стратегија во Киев.
Украинскиот премиер синоќешниот напад на амбасадата на Русија го оквалификува како „непријатно хулиганство", пренесува ТАСС.
- Тоа е мал конфликт, кој не е достоен за коментирање, изјави Гројсман и додаде дека „главниот град на Украина треба да биде пример".
Непознати лица фрлиле запалени пиротехнички средства врз руската Амбасада во Киев, само еден ден пред одржувањето на парламентарните избори во Русија. Инцидентот се случил ноќеска околу 1.00 часот по локално време (околу полноќ по средноевропско време). Дваесетина лица запалиле пиротехнички средства во близина на зградата на Амбасадата, а потоа побегнале од местото на настанот.
Зградата на Амбасадата не претрпела видливи оштетувања.
Украинската полиција започна истрага, но досега никој не е приведен, наведуваат украинските медиуми.
Во Руската амбасада во Киев утре треба да бидат отворени избирачките места, и покрај забраната на украинските власти да се гласа на територијата на Украина.
Во Москва оваа одлуката ја оценија како „нарушување на правилата на пристојноста и цивилизираните меѓународни односи“.
Државјаните на Русија утре ќе бираат 450 претставници за Долниот дом на рускиот парламент.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина