Гром од ведро небо: Се разведуваат Шакира и Пике, еве кој кого изневерувал
Како гром од ведро небо одекна веста која ја објавија шпанските медиумим, дека наводно се разведуваат Шакира и фудбалерот на Барселона Жерар Пике, кој шест години живее во вонбрачна заедница.
Гласините за наводниот развод почнаа да се шират кога Шакира изненадувачкии откажа неколку од планираните настапи и тоа како што официјално е објавено, од лични причини. Потоа најжешките фанови на познатата двојка, констатираа дека и двајцата веќе долго време не се појавиле заедно во јавноста, како и тоа дека пејачката повеќе не објавува заеднички слики со сопругот.
Но, најголемиот шок, претставува фактот што Шакира наводно побарала развод затоа што Пике ја изневерувал! На тоа се надоврзуваат шпекулациите дека тоа била капката која ја прелила чашата, затоа што колумбиската ѕвезда со години се жалела на најблиските пријатели, дека повеќе не може да ја трпи љубомората на Пике, и неговата желба да го контролира нејзиниот живот…
Колку има вистина во овие трачеви, ќе видиме наскоро, но очигледно е дека нешто се случува во врската со Шакира и Пике, кои за многумина беа олицетворение за љубов и среќа.
Да потсетиме, и двајцата се запознале во 2010 година и имаат два сина, Милан и Саша.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници