Грејната сезона може да почне од први октомври
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија одржа координативен состанок со снабдувачите на топлинска енергија. Снабдување со топлина БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Претставници на енергетските компании разговараа со регулаторите за подготвеноста на топланите за снабдување со топлинска енергија во пресрет на новата грејна сезона 2020/2021 година.
БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север ги имаат направено сите неопходни подготовки за старт на грејната сезона. Две опции се можни во однос на почетокот на грејната сезона. Според првата, грејната сезона започнува на 15 октомври и трае до 15 април наредната година. Според втората опција, со исклучок, снабдувањето може да започне и од 1 октомври доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква од 12 степени целзиусови, според податоците на УХМР.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата