Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи
– Можноста Грција да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи Патриот или системи С-300, целосно ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес конференцијата во Вашингтон по завршувањето на НАТО Самитот, јави дописничката на МИА од Атина.
– Сакам да бидам јасен, Грција не отстапи Ф-16 во иницијативата Ф-16. Постојат други земји што го направија овој избор.
Но, нашата цел е да ѝ овозможиме на Украина да се брани на најефикасен начин, рече Мицотакис.
Додаде дека важно е да постои одржлив и праведен мир, „овој мир не може да се постигне во услови на капитулација на Украина, а за Украина да не капитулира, треба сите да продолжиме да ја поддржуваме“.
-Имам повторено дека Грција нема да ѝ отстапи на Украина ниту системи Патриот ниту системи С-300.
Отстапивме други типови на противвоздушни системи, со помал дострел, секогаш, да го повторам ова, во согласност со Генералштабот на националната одбрана, за да ја поддржиме Украина во оваа многу тешка битка што ја води, рече Мицотакис.
Ново на Сител
-
Отворено 32-то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување