Балкан
20. February 2017 - 9:11

Грција ќе се стреми кон политичка спогодба со кредиторите

Грција ќе се стреми кон постигнување политичка спогодба со своите кредитори на денешната средба на Еврогрупата, која почнува во Брисел, за да обезбеди продолжување на финансиската помош за земјата, јави АНА-МПА. 

Европски извори сметаат дека таквата спогодба би можела да го отвори патот за враќање на техничите тимови на кредиторите во Атина со цел обновување на преговорите со Владата. 

Според некои грчки медиуми, таква спогодба е веќе постигната, со оглед на тоа дека минатата недела беше постигнат договор меѓу директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард и германската канцеларка Ангела Меркел за учество на ММФ во грчката спасувачка програма и за преместување на прашањето за олеснување на грчкиот долг за следната година, односно по изборите во Германија.

Грчката Влада соопшти дека го поддржува учеството на ММФ во грчката програма, но нагласи дека неговата цел е постигување спогодба со кредиторите, но без дополнителни мерки на штедење.