Балкан
4. October 2017 - 13:28

Грчките власти почнаа проверка на фирмите со фалсификувана регистрација

Грчките власти почнаа интензивни проверки за откривање фирми со фалсификувана регистрација во соседните држави.

- Станува збор за фирми кои виртуелно го преместиле седиштето во соседните држави за да ги искористат пониските даноци, а услугите биле извршувани во Грција, изјави заменик- минстерката за финансии Катерина Папанациу.

Таа додаде дека интензивни проверки се прават и со цел да се прекине трговија со шверцувана стока.

Даночните власти воочиле дека постои сериозен проблем со голем број фирми кои „бегаат“ во соседни држави за да избегнат високи даноци и мито во сопствената држава.