Грчките медиуми за резултатот од референдумот во Македонија

Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот референдум во Македона акцентот го ставаат на излезноста и на процентот граѓани што гласаа „ЗА“.
„Победа на „ДА“ во ПЈРМ, но без потребната излезност“; „Над 91 отсто гласаа „ДА“ – 36.6 отсто излезност“; „91,3 отсто „ДА“ на референдумот, но со мала излезност“; „Заев решен:Гласот „ЗА“ договорот треба да се почитува“; „Референдум во ПЈРМ: „ДА “со 91 отсто, но без излезност“; „Браво од Ципрас за Заев за одлуката да продолжи со спроведување на договорот“; „Заев: За Преспа ќе одам во Собранието, ако не успеам ќе распишам избори“; се дел од насловите во грчките медиуми.
Новинарите во Грција, детално ги пренесуваат изјавите на македонскиот премиер во однос на резултатот, изјавите на лидерот на ВМРО, но ги споменуваат и можните сценарија во однос на процесот на уставни промени, јавува дописничката на МИА од Атина, .
На референдумот гласаа над 650 илјади луѓе, а над 90 отсто гласаа „ЗА“, изјави во неделата вечерта, премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека народот направи важен избор и одлуката што ја донесе не беше лесна, но требаше да се донесе, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од опширниот текст посветен на вчерашниот референдум.
АНА-МПА, ги пренесува и изјавите на Христијан Мицковски, на Али Ахмети и на Талат Џафери, како и ставот од МОСТ.
- Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, во неделата се обврза дека ќе продолжи да се стреми кон спроведување на Договорот од Преспа, барајќи гласање во Собранието за да се реши спорот со Грција за прашањето за името, и покрај тоа што излезноста на необврзувачкиот референдум во неделата не надмина 50 отсто од изборното тело, што е потребно за да се смета за валиден, пишува информативниот портал реал.гр што е онлајн издание на весникот „Реал њуз“
- Кусо по завршувањето на изборниот процес, премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, говореше за победа на „ДА“ без да ја спомене малата излезност и додаде дека „волјата на граѓаните треба сите да ја почитуваат“, пишува „Катимерини“
Грчките медиуми пренесуваат дека доколку не се постигне мнозинство во Собранието за уставните измени, тогаш ќе се распишат предвремени избори.
Ново на Сител
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
