Грчкиот Парламент го изгласа амандманот за задолжителната вакцинација на лица над 60 години
Со гласовите од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициската Движење на промена, грчкиот Парламент синоќа го изгласа амандманот за задолжителната вакцинација на лицата над 60 години, јави дописничката на МИА од Атина.
Против гласаа останатите опозициски партии, односно СИРИЗА, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.
Амандманот предвидува дека „од неопходни причини за заштита на јавното здравје, задолжително се вакцинираат против Ковид-19 сите физички лица со живеалиште или престој на грчка територија, а кои се родени пред 31 декември 1961 година“.
Лицата за кои важи задолжителната вакцинација, мора да ја имаат примено првата доза до 16 јануари 2022 година.
Во случај на непочитување на обврската се изрекува административна глоба од 100 евра месечно.
Доколку првата доза се прими до 15 јануари и се заврши вакцинацијата според пропишаните процедури и во предвиденото време, казната е 50 евра.
Казната ја заверува и наплатува Независната управа за јавни приходи, а собраните средства ќе се користат исклучиво за зајакнување на националниот здравствен систем во битката со пандемијата.
Од задолжителната вакцинација ослободени се оние кои прележале Ковид-19 во последните 180 дена или имаат докажани здравствени причини кои ги спречуваат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација