Грчкиот парламент денеска избира претседател
Новоформираниот грчки Парламент што произлезе од изборите на 25 јуни и веќе положи свечена заклетва, денеска ќе одржи седница за избор на претседател и потпретседатели, јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на Нова демократија и премиер на Грција Кирјакос Мицотакис, повторно го предложи Константинос Тасулас за претседател на Парламентот, со што, доколку биде изгласан, ќе добие уште еден четиригодишен мандат.
За да биде избран од пратениците, потребно е да добие најмалку 151 глас, а пред еден месец, по првите избори во Грција, Тасулас беше избран со широко мнозинство, односно со 270 гласа „за“, меѓутоа тогаш, Парламентот веднаш се распушти во пресрет на новите избори.
Тасулас првпат беше избран за претседател на Парламентот во јули 2019 година по победата на Нова демократија на тогашните избори со рекорден број гласови.
Од 298 присутни пратеници, „за“ гласаа 283 што воедно беше и рекорд за грчкиот Парламент.
Новите 300 пратеници избрани на изборите пред десет дена вчера положија свечена заклетва, а во Парламентот обезбедија место осум партии.
Нова демократија има 158 пратеници, СИРИЗА 47 пратеници , ПАСОК доби 32 пратенички места, Комунистичка партија 21, Спартанци и Грчко решение по 12 пратеници, Победа десет, а Курс на слободата осум пратеници.
Откако денеска ќе се избере претседател, на крајот на следнава недела, веројатно од четврток до сабота ќе се одржи тридневната расправа во Парламентот за гласање доверба на Владата.
Ново на Сител
-
Литургија по повод 25 години од востоличувањето на г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА
-
Преглед на вестите од светот
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот