Грчкиот министер Музалас го осуди „лицемерието“ на Европа во однос на децата мигранти
Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас го осуди „лицемерието“ на Европа која одбива да го подели товарот, кога е во прашање грижата за стотици малолетници во кампот за бегалци „Морија“ на Лезбос.
- Имаме проблеми со малолетни бегалци без придружба. Бараме од Европа да преземе некои од нив, но тие не сакаат, изјави Музалас за грчката агенција АНА-МПА.
Во тој камп има 250 деца без придружба и уште 68 со роднини. Во „Морија“, најголем од петте кампови за мигранти на островите во Егејското Море, има повеќе од 5.000 луѓе, а капацитетот е само 2.300.
- Европа мора да го запре лицемерието...Лесно е да игра улога на обвинител...Тешко е да се занимава со бегалците и мигрантите, а да не се предизвика судир со локалните интереси, изјави министерот.
Покрај децата во кампот, има и многу бремени жени, како и околу 500 луѓе на листа на чекање за психијатриско лекување.
Ново на Сител
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела