-->
-->
Гран при за КУД „Гоце Делчев-Битола на фестивалот „Пеце Атанасовски“
-->
Со доделувањето на наградите на најдобрите учесници, синоќа на Рудина кај Долнени заврши 41 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.
Културноуметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола ја понесе наградата за надобар учесник на годнашниов 41 Фестивал, соопшти синоќа фестивалското жири, во состав Захаринка Милосављевиќ, музиколог, професор д-р Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и професор д-р Илчо Јованов од музичката академија при Универзитетот „Гоце Делччев“ од Штип.
Гајдата на Пеце Атанасовски што како награда ја обезбедува општина Долнени ја доби Драган Трифуновиќ, гајдаџија од Јагодина, Србија.
Најуспешен настап на фестивалот имаше оркестарот на народни инструменти „Меден кавал“ од Прилеп.
Синоќа, на завршната вечер, фестивалот го следеше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов заедно со потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.
Годинава на 41 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ имаше околу 300 учесници од Македонија и од Русија и Србија. Се одржа и семинар за изучување на македонскиот изворен мелос, како и трибина за значењето на Фестивалот во зачувувањето, негувањето и афирмацијата на изворната фолклорна традиција во Македонија и во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП