Граѓаните што поседуваат оружје треба да ги заменат дозволите
Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека согласно одредбите од членот 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластување за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје истекува на 04.06.2023 година.
– Оттаму, сите оние граѓани кои што поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барања за замена на тие дозволи до наведениот рок односно до 04.06. 2023 година. Воедно, МВР информира дека кон барањето за замена на дозволата, потребно е да се приложи старата дозвола за оружје, а оружјето што ќе биде предмет на пререгистрација, да се донесе на увид, соопштија денеска од МВР.
Граѓаните своите барањата за замена на старите дозволи, потребно е да ги поднесуваат во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи според местото на живеење во работно време од 08.00 до 16.00 часот, додека граѓаните на Град Скопје, барањата треба да ги поднесуваат во Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје, сместен во Полициска станица Автокоманда во работно време од 08.00 до 16.00 часот, со напомена дека уплатата на таксите може да се изврши во банка, пошта или на пост терминал.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред