Бизнис
31. July 2019 - 17:07

Граѓаните од утре ќе плаќаат поевтино парно греење

Парното греење поевтинува во просек и до 200 денари. Регулаторната  комисија за енергетика  одлучи цената на БЕГ да ја намали  за 6 отсто, за потрошувачите на Елем Еенергетика за 13, 5 проценти и за домаќинствата приклучени на топланата Скопје Север 12 отсто. Од РКЕ појаснуваат дека поевтинувањето  се должи на намалување на цената  на производството од ТЕТО и поради откажувањето на државата на дел од ДДВ. Апелираат до граѓаните да го корстат градкото парно затоа што тоа е најветин начин за греење. Со повеќе  користници се отвара простор цената и натаму да паѓа.

- Законот за градба е во фаза на подготовка. Ние како РКЕ ќе дава предлог во кој дел од Скопје како да се греат граѓаните. затоа што не е возможно во згради кои се одалечени на неколку метри од топланите да с егреат на струја, рече Марко Бислимовски- претседател на РКЕ

Се уште не се знае дали Град Скопје ќе успее од  следната грејна сезона да ја врши дистрибуција на топлинска енергија. Иако владата донесе одлука новоформираното претпријатие  ГЕС, трајно да ја превземе мрежата, Град Скопје сеуште нема поднесено барање за добивање на лциенца за да може да ја врши оваа функција. Иако дел од екпертите предупредија дека со оваа одлука може да додје до поскапуивање на парното од РКЕ велат дека тоа не би тренало да се случи.

Новата цена на парното важи од утре. Градско парно користат 53,000 домаќинства, 12 илјади  пак се исклучени од мрежата.