Граѓаните и фирмите да користат алтернативни начини на комуникација со АЕК
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги охрабрува граѓаните и соработниците да користат алтернативни начини за комуникација со оваа институција. Нејзините вработени по препораките од Владата за спречување на ширеењето на коронавирусот ќе ги извршуват од дома работните задачи за кои не е потребно физичко присуство во просториите на Агенцијата.
-Во најголема мерка треба да се користат алтернативните методи на комуникација како што се: пристап до информации преку контакт центарот на Агенцијата достапен на бројот 190, доставување барања и дописи преку електронска пошта contact@aec.mk, комуникација со вработените преку електронска пошта или преку телефон. Контактите на вработените вклучително електронската пошта, мобилен и фиксен телефонски број се достапни на веб страната на Агенцијата www.aec.mk .Во ситуации кога ќе треба да се обратат по писмен пат, дописот ќе треба да го остават на рецепцијата на Агенцијата, а стручните служби ќе постапат, објави АЕК на својата веб страница.
Вработените во АЕК ќе ги користат сите расположливи технички алатки со цел да се избегне непосреден контакт, како што се: виртуелни конекции за пристап до податоците и системите, видео конференции, комуникација преку интернет алатки и електронска пошта.
За сите активности кои што се поврзани со пристап до системи за кои што нема можност да се пристапи од дома, активности кои што се поврзани со стручни надзори во однос на работата на операторите и исполнување на законските обврски, теренски излегувања и отстранувања пречки во радиофрекфенцискиот спектар и слично, вработените редовно ќе постапуваат согласно воспоставениот начин и метод на работа.
-При ваквиот начин на алтернативна работа настојуваме во целост да ги испочитуваме законските рокови и обврски за квалитетот и достапноста на електронските комуникациски услуги како и законските надлежности што ги има Агенцијата, а во исто време да бидеме во насока со препораките на Владата и да го сведеме на минимум ризикот од ширењето на Корона вирусот COVID-19. Ваквата начин на работа ќе биде координиран од кризниот штаб во Агенцијата, кој што денес го одржа првиот состанок. Кризниот штаб редовно ќе состанува со цел да се согледаат ефектите и евентуалните проблеми од ваквиот начин на работа, се вели во објавата.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори