Градоначалникот на Гази Баба, Стефковски испрати 250 ученици на летен камп
Денес 22.06.2022 година (среда), градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги испрати учениците од основните училишта од општина Гази Баба на училишен летен камп.
Општина Гази Баба за прв пат субвенционира оддржување на училишен летен камп.
Утрово имав чест да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на учениците од основните училишта на територија на општина Гази Баба.
За прв пат оваа година, општина Гази Баба ги субвенционира учениците кои преку основните училишта се пријавиле за учесници на летниот камп.
На летниот камп ќе учествуваат 250 ученици од 11те основни училишта.
Овој проект се реализира во соработка со општинскиот сојуз на училишен спорт на општина Гази Баба.
Оваа мерка е уште една во низата нови мерки кои ги реализираме со цел поддршка и мотивирање на најмладите жители на општина Гази Баба. - напиша Стефковски.
Покрај субвенционирањето на летниот камп, општина Гази Баба оваа година за прв пат додели и еднократна парична помош за сите првоодделенчиња како и награда за учениците на генерација.
Ново на Сител
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
-

Најчести грешки на патниците при летање со авион
