Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
Полицијата презема кривични мерки по случајот со врсничкото насилство во скопската населба Аеродром, каде 12-годишно девојче беше физички нападнато од малолетнички, а инцидентот беше сниман и споделуван.
Од МВР информираат дека на 1 јули во 19:30 часот, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка, претходната вечер во парк во Општина Аеродром, најпрво била принудена во два наврати да клекне на колена и да се извинува, по што била физички нападната од 14-годишна малолетничка. Нападот продолжил и од друга малолетничка, додека повеќе присутни малолетници го снимале целиот настан со мобилни телефони.
Во текот на истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со двете малолетнички во присуство на нивните родители. За случајот биле известени јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
МВР соопшти дека продолжува со утврдување на идентитетот и на останатите инволвирани малолетници за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени кривични пријави за кривичните дела „насилство“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, со кои ќе бидат опфатени и родителите на малолетничките.
Ново на Сител
-

Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
-

ДЗР констатирал слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година
-

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател
-

Двајца мртви и повеќе од 30 повредени во пожарот во германската болница
-

Најмногу дожд во Скопје и Куманово, во Црешево измерени 74 литри на метар квдратен
-

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на речиси три илјади
-

Приведен 47 годишен тетовец, управувал возило со 177 километри на час на место каде е ограничено 80 | ФОТО
-

Министерот Тошковски на отворање простории за разговор со деца кои се во судир со законот во СВР Струмица
