-->
-->
Градоначалници од општини од Брегалничкиот регион потпишаа договори со Швајцарска агенција за проекти за заштита на природата
-->
Градоначалниците на девет општини од источно-планскиот (Брегалничкиот) регион во Пехчево денеска потпишаа договори со Швајцарската агенција за развој и соработка за кофинансирање проекти од Програмата за заштита на природата.
Општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип ќе добијат по 700 илјади денари, наменети за финансирање проекти за енергетска ефикасност на јавни објекти.
Тим-лидерот на Програмата за заштита на природата, Марија Шушлевска, информира дека во тек е изработка и на стратегии за развој на туризмот и на оризопроизводството во Брегалничкиот регион.
Координатор на Програмата за заштита на природата во општините од регионот е компанијата „Фармахем“ во партнерство со меѓународна корпорација „Хелветас“ од Швајцарија.
Секоја од деветте општини во регионот, покрај средствата добиени од Швајцарската агенција за развој и соработка во реализацијата на проектите на своето подрачје, според договорот обезбедува и сопствено учество во износ од 25 до 50 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград