-->
-->
Градежни работници сечејќи профили запалија шума, штетата милионска
-->

ПС ОН Неготино поднесе кривична пријава против лицата З.Т. (59) и Г.Р. (44), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар од небрежност“.
На 03.август годинава во кругот на винарска визба во атар на с.Курија, неготинско, при изведување градежни работи, пријавените околу 14.30 часот со брусалка сечеле дебели метални профили, при што снопот со ужарени искри бил насочен и се движел кон сувата трева која се наоѓала веднаш до местото на изведување на градежните работи, од што се зафатила сува трева и пожарот веднаш се проширил кон Југ .
Пријавените кога забележале дека настанал пожар веднаш пристапиле кон негово гаснење. Со стореното дејствие пријавените нанеле материјална штета на ЈП за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ ПО Скопје-подружница ШС Демир Капија во износ од 33.312.500 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза