-->
-->
Град Скопје поднесе барање за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија
-->

Град Скопје поднесе барање за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.
Директорот на Регулаторна Марко Бислимовски уверува дека корисниците ќе имаат непречена испорака на топлинска енергија, а целата постапка на преземање на лиценцата ќе биде транспарентна.
Според законската регулатива, потребни се најмалку 45 дена за новоформираното претпријатие Градски Енергетски Системи (ГЕС), во сопственост на Град Скопје, да може да почне да врши дистрибуција на топлинска енергија, не сметајќи ги при тоа сите рокови предвидени за жалби.
Во моментов БЕГ Дистрибуција е фирмата снабдувач со топлинска енергија и има 35 годишна лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија, чија важност е до 2047-та година. За да може ГЕС да дистрибуира, потребно е најпрво Регулаторна да ја поништи лиценцата на БЕГ Дистрибуција. Првиот човек на РКЕ вели дека за да ја добие ГЕС лиценцата ќе мора најпрво да докаже дека претпријатието има технички капацитет но и доволно човечки ресурси за да врши непречена испорака на топлинска енергија.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството