Град Скопје ќе додели 105 стипендии за спортисти-средношколци
Јавниот повик за доделување стипендии на спортисти – средношколци, ученици во средните училишта на подрачјето на Град Скопје за 2019 година е објавен денеска, а ќе трае десет дена дена, до 14 овој месец. Врз основа на пропишаните критериуми во овој повик ќе се изберат 105 стипендисти – средношколци, кои ќе добиваат стипендија во вкупен нето износ од 24.000 денари во тековната 2019 година.
Градските власти информираат дека стипендиите се доделуваат со цел да се зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти – средношколци.
Право на добивање стипендија на овој повик имаат државјани на Република Македонија кои имаат статус на редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето на Град Скопје, да се жители на Скопје, да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски клубови од подрачјето на Град Скопје и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија, да имаат високи спортски достигнувања во претходната 2018 година и во 2019 година, се до завршувањето на јавниот повик.
Сите заинтересирани овој јавен повик може да го погледнат на веб-страницата на Град Скопје http://skopje.gov.mk/
Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на булевар „Илинден“ број 82, 1.000 Скопје или во архивата на Град Скопје (барака број 16) секој работен ден, а најдоцна до 14 февруари 2019 година, до 19 часот.
Ново на Сител
-
Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река
-
Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните
-
Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски
-
Намалена видливост поради магла до 100 метри во Штип, Страцин, Битола и Прилеп
-
Минчев: Богојавление нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето
-
Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор
-
Илон Маск и неговите „обиди за мешање“ во европската политика
-
Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово