Македонија
21. јуни 2017 - 14:46

Грабеж кај Дељадровци

Околу 6 часот вчера М.Б. пријавил дека кај бензинска пумпа во селото Дељадровци бил ограбен од страна на М.М. (40) од Етиопија, со привремен престој во азилантски камп во Република Србија со уште неколку непознати лица.

Лицата физички го нападнале и му одзеле еден мобилен телефон и 1.050 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.