Гостување на софискиот Сатиричен театар „Алеко Константинов“
Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија, кој идната година ќе одбележи 60 години постоење, вечер ќе го отвори третиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ со претставата „Автобус“ по текст на Станислав Стратиев и во режија на Здравко Митков.
Авторот Стратиев е еден од најголемите сатиричари на бугарската драма и литература. Пиесата „Автобус“ ја напишал во 1980 година и била праизведена четири години подоцна. Премиерата на оваа постановка во режија на Митков во Софија беше лани во октомври и за девет месеци имала 30 изведби.
- Станислав Стратиев е најголем драматург во Бугарија, кој своите текстови ги пишувал во некогашниот тоталитарен систем. „Автобус“ го обработува проблемот на тоталитаризмот, но овде не станува збор дека тој се врзува со некаква политичка конотација, туку со потребата да се креира едно мислење, односно контрола на човековото мислење. Текстот на Стратиев создава сериозен темел за актерска креација и е така напишан за на актерот да му помогне да ги реализира врвните актерски можности, рече денеска на прес-конференција режисерот Митков, кој е и директор на овој софиски театар.
За Сатиричниот театар „Алеко Константинов“, кој идната година ќе наполни шест децении, Митков рече дека во своето постоење имал социјална и политичка функција. До 1989 година, рече тој, публиката тешко доаѓала до билет за кој се чекало во долги редови. - Сега условите се променети. За жал, системот на финансирање на театарската уметност во Бугарија не е меѓу најсовршените и нашиот театар во моментов води тешка битка за постоење, рече Митков.
Посочи на важноста од воспоставената соработка со Театар Комедија, зашто и двата се жанровски опрделении и по тоа се ретки на Балканот. За „Гола месечина“ рече дека е чудесна идејата да се направи театарски фестивал на крајот од сезона зашто бара многу работа, смелост и инвенција.
Селекторот на фестивалската програма Андреј Цветановски истакна дека „Автобус“ може да се опише како езоповска критика на општеството. Додаде дека е голема чест доаѓањето на Митков за кого рече дека е величина на бугарскиот театар кој во моментов ја работи својата стота претстава.
„Автобус“ е приказна во која деветмина патници патуваат во градски автобус. Тој одеднаш скршнува од својата рута и патниците сфаќаат дека никогаш нема да стигнат на посакуваната дестинација. Во својот страв, паника и терор тие се претвораат во агресивна маса.
Во актерската екипа се: Тончо Токмачиев, Александра Сарчаджиева, Мартина Вачкова, Михаил Сарвански, Красимир Куцупаров, Светломир Радев и Петар Ладжев.
Третиот Интернационален фестивал на комедијата „Гола месечина“ го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура. Ќе се одржува во Спортскиот центар Ново Лисиче во општина Аеродром до 29 јуни до кога ќе бидат изведени уште седум претстави. Покрај од Софија, ќе гостуваат и театри од Сараево, Белград и Ниш, како и четири претстави на театри од Македонија.
Ново на Сител
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство