Македонија
15. May 2017 - 13:08

Гостиварец пронајден мртов во својот дом, ќе има обдукција за причините за смртта

Вчера околу 12.00 часот во ПО Галате било пријавено дека во с.Галате, гостиварско, во сопствената куќа пронајден бил починат Н.Б. (53), кој живеел сам.
 
Смрт е констатирана од страна на лекар, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Гостивар.
 
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
 
Полицијата од Гостивар презема мерки за расчистување на случајот.