„Госпоѓица Јулија“ и филмови од „Анимакс“ вечер на „Скопско лето“
На малата сцена во Драмски театар Скопје вечер ќе биде изведена претставата „Госпоѓица Јулија“ од Аугуст Стриндберг во режија на Ѓорѓи Ризевски. Претставата е копродукција на Драмски театар и театарот „Фабрика“ на кој оваа му е петта претстава во две и полгодишното постоење.
Базирана на драмскиот текст на шведскиот писател Стриндберг, претставата ги тематизира класните разлики, болните амбиции на „помалиот“ да стане голем, индивидуалните фрустрации и комплекси.
- Претставата работена по безвременскиот текст на Стриндберг е современа не само поради темите кои ги обработува, туку и во изразот и сценскиот јазик. Автентична, оригинална и жестока претстава, соопшти „Скопско лето“ во најавата.
Во насловната улога ќе настапи Миа Кантарџиева. Теоман Максут ќе го игра ликот на Жан, а Емине Халил ќе биде во улогата на Кристина. Кореографијата е на Ирена Лозинска, а костимографијата на Драгана Таневска.
На Факултетот за ликовни уметности Сули ан, пак, вечер ќе бидат прикажани наградените филмови од последниот Фестивал на анимиран филм „Анимакс“.
Ревијата е нсловена „Најдоброто од Анимакс“ и ќе ги прикаже филмовите наградени со Златна, Сребрена и Бронзена тула: рускиот „Без космос не можеме да живееме“, македонскиот „Кружно патување на Марето“ и естонскиот „Господарот“, како и „Човекот кој не сакаше да умре“ (Македонија), „Девојката што паѓа“ (Македонија), украинскиот „Халабудка“ (добитник на Златна тула за најдобар филм за деца) и шпанскиот филм „Песочна мајка“.
Ново на Сител
-
Претрес во Штип: Пронајдена дрога, приведен дилер
-
Криел дрога во автомобилите, истрага против 52-годишен дилер
-
Сообраќајка кај село Избиште
-
Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на ЕБР
-
Сиљановска Давкова го честита еврејскиот празник Јом Кипур
-
САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан
-
Селото Чивељ отсечено по поплавите, може да се стигне само пеш или со чамец
-
Најмалку тројца загинати во руска Ингушетија